Крај и за Ѓоковиќ во Париз: Хиџикато го елиминираше со пресврт!

Новак Ѓоковиќ не успеа да го продолжи настапот во Париз и денеска загуби од Австралиецот, Ринки Хиџикато со 2-1 во сетови.

Слично како што вчера го елиминираше Валетин Вашеро Новак беше поразен во денешниот дуел во Париз. Во првиот сет Ѓоковиќ тргна одлично и му дозволчи на противникот само два гема добивајќи го сетот со 6-2.

Сепак во продолжение Ѓоковиќ како да немаше сили да продолжи во ист ритам, додека Хиџикато играше се подобро. Единствениот брејк во вториот сет Австралиецот го направи во осмиот гем за водство од 5-3, а во следниот само го потврди за израмнување.

Не успеа Новак ниту еднаш да го освои сервисот на противникот и во третиот сет, па така и тој му припадна на Хиџкато со ист резултат 6-3.

Хиџикато го победи Ѓоковиќ како 83-ти тенисер на АТП листата и тој е најслабо рангираниот тенисер кој славел против Ѓоковиќ во 2026 години. Ќе потсетиме, денеска пред Ѓоковиќ настапот во Париз го заврши и актуелниот прв светски тенисер Александер Зверев.