Масовна тепачка на натпревар во Бразил - судијата покажа дури 51 црвен картон (ВИДЕО)
По масовна тепачка во која учествуваа играчите и претставниците на двата табора, главниот судија на крајот подели вкупно 51 црвен картон. Средбата на младинските екипи се претвори во целосен хаос по инцидентот кој започна при резултат од 3-1 во корист на домашниот состав. Фитилот го запалил фудбалер на гостинскиот тим Маморе, кој почнал директно да ги провоцира претставниците на домашниот клуб. Ситуацијата многу брзо излегла од контрола, па првичниот вербален конфликт прераснал во масовна физичка пресметка во која се вклучиле фудбалерите на двете екипи.
Од вкупно 51 исклучување, дури 43 црвени картони им беа доделени на фудбалерите од двете екипи, додека преостанатите осум исклучувања ги добија членовите на стручните штабови и официјалните претставници на тимовите. Ваквиот астрономски број на санкции е исклучително редок во светскиот фудбал, поради што случувањата од овој младински натпревар привлекоа огромно внимание далеку надвор од границите на Бразил.