Рома со третaтa или четвртaтa опција на голот ќе проба да се одбрани во Манчестер!

Екипата на Рома вечерва ому гостува на Манчестер Јунајтед (21 часот) со амбиција да ја искористи кризата на противникот и да победи, но тренерот Гасперини се соочува со огромни проблеми во пресрет на овој натпревар.

Најголемата главоболка за италијанскиот стратег претставува голманската позиција, каде римскиот тим е буквално десеткуван и остана без своите најискусни опции. Првиот чувар на мрежата, Миле Свилар, не е во состојба да брани откако се повреди пред неколку недели, а ситуацијата дополнително се влоши откако проблеми пријави и вториот голман Пјерлуиџи Голини. Него го мачат болки во грбот и останува големо прашање дали воопшто ќе биде во можност да настапи на вечерашната средба.

Поради ваквата неповолна здравствена состојба во ростерот, изборот за чувар на мрежата најверојатно ќе падне на една од преостанатите алтернативи кои ги има на располагање стручниот штаб на Рома. Се очекува третиот голман Девис Васкез или младиот 19-годишен Џорџо де Марци да го понесат товарот и да застанат на голот на вечерашното тешко гостување во Англија.