Синот на Роналдо направи чекор напред во репрезентацијата на Португалија
Селекторот на оваа генерација Филипе Рамос го вклучи младиот Роналдо меѓу 23-те фудбалери на кои ќе смета за претстојните предизвици.
Кристијано Жуниор, во Португалија познат и под прекарот „Кристијанињо“, настапува на крилната позиција во младинската академија на Ал Наср, клубот во кој игра и неговиот татко.
Португалија во квалификациите ќе одигра три натпревари. Првиот е против Андора на 11 ноември, потоа следува дуелот со Бугарија на 14 ноември, додека квалификацискиот циклус ќе го заврши со натпреварот против Србија на 17 ноември.
За младинските селекции на Португалија, Кристијано Жуниор дебитираше во мај 2025 година, кога доби повик во репрезентацијата до 15 години. Во октомври истата година беше повикан и во селекцијата до 16 години.
Досега за двете младински репрезентации има забележано вкупно 13 настапи и пет постигнати голови. За селекцијата до 15 години постигна два гола на четири натпревари, додека за тимот до 16 години реализираше трипати на девет средби.
Подготовките на португалската репрезентација ќе започнат на 6 ноември и ќе траат до 17 ноември, кога е закажан последниот квалификациски натпревар против Србија.