Фиорентина со пресврт против Сасуоло ја прекина црната серија! (ВИДЕО)
Арманд Лауриенте во 25. минута ја затресе мрежата на Фиорентина и донесе предност за Саусоло од 1-0, но гостите од Фиренца со погодок преку Матео Пелегрино ја анулираа негативата во судиското надополнување на првиот дел.
Фиорентина направи целосен пресврт на стартот на вториот дел, но Лауриенте погоди за израмнување (2-2).
Гостите во продолжение од средбата уште два пати ја затресоа мрежата на Сасуоло, и тоа преку Франко Мастантуоно и Виктор Валдепенас за победа од 4-2.
По 10 одиграни меча, Фиорентина и Сасуоло имаат по осум бодови и се наоѓаат на делба на 15. позиција во Серија А.
Фото: Facebook/ACF Fiorentina