Баерн може да здивне: Кејн откри кога ќе потпише нов договор!

Англискиот напаѓач Хари Кејн е пред продолжување на договорот со Баерн Минхен, а тоа го потврди и освојувачот на „Златната топка“ во разговор за германските медиуми.

Откако ја освои „Златната топка“, капитенот на Англија откри нови информации за преговорите со германскиот гигант.

Според неговите зборови, за финализирање на договорот се потребни уште неколку денови.

„Би рекол дека се работи за денови, а не за недели. Многу сме блиску до договор. Мислам дека преминувањето во Баерн беше голем чекор во мојата кариера. Сакав нов предизвик и да станам подобар, а Баерн ми го промени живот“, кажа Кејн.

Фото: Facebook/FC Bayern München