Депортиво со пресврт против Осасуна им се врати на победите во Ла Лига!
Анте Будимир во 32. минута ја затресе мрежата на Депортиво А Коруња за водство од 1-0 на Осасуна, а со истиот резултат двете екипи заминаа на паузата.
По еден час игра, Сориано погоди за Депортиво и израмни на 1-1, додека Бил Нсонго во завршницата од средбата стрелаше за целосен пресврт (2-1).
Депортиво се наоѓа на осмото место со 14 бодови, додека Осасуна е на 15. Позиција ѕсо 11 поени.
Фото: Facebook/Real Club Deportivo de La Coruña