Њукасл повторно разочара, Евертон го освои „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)
Првото полувреме понуди шансите на двете страни, но ниту еден од ударите на екипите не заврши во рамките на голот. Поконкретен во нападот беше Евертон кој создаде двојно повеќе шанси, вкупно 10, во однос на Њукасл.
„Карамелите“ успеаја да поведат преку Бари во 49. минута, откако „заспа“ одбраната на Њукасл, по што гостите успешно го чуваа водството, иако Њукасл се обидуваше да ја анулира негативата.
Евертон е на седмата позиција со 13 бодови, додека Њукасл е на 13. место со 11 поени.
🚨🏴 | GOAL: THIERNO BARRY OPENS THE SCORING FOR EVERTON! Newcastle 0-1 Everton. https://t.co/BnOhSuKY5g
— FullTime Central (@fulltimecen) November 2, 2026
Фото: Facebook/Everton Football Club