Жестока тепачка пред „Јане Сандански“ - неофицијално има тешко повредени навивачи! (ВИДЕО)

Жестока навивачка пресметка се случила за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на Скопје и Работнички и тоа пред салата „Јане Сандански“ додека актерите на теренот привршувале со првото полувреме.

Според неофицијални информации, нападнати биле припадници на навивачката група на гостите од Градски парк, а тепачката била толку жестока што неколкумина веднаш биле префрлени во болница. Според видеата што можат да се видеат на социјалните режим, има сомнеж дека еден од повредените добил и убод со нож.

Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за тоа кој го извршил нападот и дали тепачката е поврзана со кошаркарско ривалство односно дали се вмешани навивачи од друга група.