Рома со „петарда“ го разнесе Удинезе

Фудбалерите на Рома триумфираа на гостувањето кај Удинезе со 5-2 во 10. коло од Серија А, па со тоа фатија приклучок кон врвот во лигата.

Кристанте ја отвори голеадата во 10. минута, а до крајот на првиот дел стрелаа и Мора, Мален и Ндика.

Удинезе се разбуди во вториот дел и погоди преку Заниоло и Палма за да внесе мала неизвесност во мечот, но Рома не дозволи изненадување, па во судиското надополнување постигна и петти гол.

Рома има 24 бодови на третата позиција, односно еден помалку од Лацио и Интер.

Фото: Facebook/AS Roma