Историска вечер: Штип ја надигра Струмица за прв триумф во Суперлигата
Двете екипи понудија возбудлива кошарка и неизвесност во првото полувреме, а Штип замина на паузата со предност од 40-37.
Во завршницата од натпреварот повторно се водеше голема борба, а Струмица се доближи на само два поени негатива (79-81), но Штип успеа да ја задржи предноста и да слави со 87-81.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ивица Димчевски со 20 поени, додека Малик Џејкобс запиша 19 поени за Струмица.
Фото: Facebook/ГKK Штип 1933