Возач во Ф1 добил над 13.000 смртни закани! (ВИДЕО)

Инцидент на патека во Формула 1 се претвори во пекол за францускиот возач, Пјер Гасли, кој добил над 13.000 смртни закани.

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем кажа дека возачот на Алпин се соочува со сериозни проблеми поради тоа што на трката во Мадрид наводно го блокирал тимскиот колега Франко Колапинто.

Драмата на патеката предизвика бурни реакции кај навивачите на Колапинто, а набрзо ситуацијата излегла од контрола затоа што почнале постојано да пристигнуваат закани по животот на Гасли.

„Пјер Гасли доби над 13.000 смртни закани“, откри Сулајем и кажа дека мета на насилниците било и неговото семејство.