Олисе му заби „нож во грб“ на Баерн Минхен - се договорил со друг гигант!?
Баерн на крајот на минатиот преоден рок соопшти дека нема намера да го продаде Олисе, но Французинот очигледно има поинакви планови за својата иднина.
Олисе има соработка со баварскиот тим до 2029 година, но најновите информации за наводниот договор меѓу фудбалерот и Реал би можеле да извршат притисок врз гигантот од Минхен.
Пазарната вредност на Олисе во моментов се проценува на 180 милиони евра, според „Трансфермаркт“.
Фото: Facebook/FC Bayern München