Навивачите одлучија: Роналдо ја има најдобрата „Златна топка“ во историјата!

„Златната топка“ што Кристијано Роналдо ја освои во 2008 година е најдобрата во историјата на престижната фудбалска награда, според гласањето од навивачите кое го спроведе „Франс Фудбал“.

Роналдо ја освои „Златната топка“ во 2008 година по извонредната сезона со Манчестер Јунајтед, во која беше еден од најзаслужните за освојувањето на Премиер-лигата и Лигата на шампионите. Португалецот тогаш постигна 42 гола во сите натпреварувања и се наметна како најдобар фудбалер во светот.

На листата на најдобри изданија на „Златната топка“ се најдоа и признанијата на Лионел Меси од 2012 и 2023 година, како и оние на Роналдо од 2016 и 2017 година.

Изборот уште еднаш ја потврдува доминацијата која Роналдо ја имаше во 2007/08 година, кога почнуваше да се гради големото ривалство со Меси.