Вечното ракометно дерби помеѓу Вардар и Пелистер ќе го судат - битолчани!
Дербито се игра в недела, 1 ноември, во СЦ „Јане Сандански од 17.45 часот, а правдата ќе ја делат судиите Димитар Митревски и Благоја Тодоровски од Битола, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Лери Мирчески.
Вардар е лидер во домашниот шампионат со осум победи, додека Пелистер има седум триумфи и едно реми.