Младата футсал репрезентација на Македонија ја нокаутира Црна Гора
Лео Стоевски постигна гол за водство во третата минута, а набрзо погоди и Михаил Гоговски за 2-0.
Македонија продолжи со нападите и погоди уште два пати, и тоа преку Александар Крстевски, а потоа Балша Ракочевиќ си ја затресе сопствената мрежа. Црна Гора се разбуди и стрелаше преку Филип Гопчевиќ и Милан Рагановиќ за 2-4.
До крајот на мечот, Македонија постигна голови преку Матеј Ангеловски и Христијан Ризов, додека Богдан Головиќ стрелаше за Црна Гора.