Керик и Фернандеш ги „закопале секирите“ пред дербито со Челси

Манчестер јунајтед се наоѓа во голем хаос по лошите резултати, а посебно влошени беа односите меѓу тренерот Мајкл Керик и капитенот Бруно Фернандеш.

Португалецот по поразот од Комо (1-4) испрати критики на тактиката на Керик, по што тренерот го остави фудбалерот на клупата за резерви на дуелот против Борнмут.

Керик и Фернандеш имаа состанок во Манчестер по последниот меч, а медиумите пишуваат дека тие двајца ги „закопале секирите“.

Ова е одлична вест за „ѓаволите“ пред дербито против Челси, кое е закажано за сабота од 13.30 часот.