Македонија до 17 години го совлада Луксембург за први бодови во трката за ЕП
Македонија го постигна единствениот гол на натпреварот преку Глорија Тодорова уште на стартот на натпреварот, односно во втората минута.
Следниот натпревар на Македонија е закажан за сабота против Велс со почеток од 10 часот.
По две одиграни кола, Македонија има три бодови, колку и Грузија, додека лидер е Велс со шест поени.