Брера се распадна за 18 минути против Хофенхајм во ЛШ

Младинците на Брера Струмица беа поразени од Хофенхајм со 0-3 во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ).

Хофенхајм тргна фуриозно во натпреварот и по само 18 минути постигна три погодоци, и тоа преку Кристоф Чиек, Емил Крамер и Давид Крета.

Брера имаше свои шанси во второто полувреме, односно се закани осум пати кон противничкиот гол, меѓутоа не успеа да постигне погодок.

Реваншот меѓу Брера и Хофенхајм се игра на 31 октомври.

Фото: Facebook/Brera Strumica