Шок за Вардар во Купот: Тиквеш се пласира во четвртфинале! (ФОТО)
Првото полувреме во Скопје помина без голови на двете страни, но затоа нападот на двете екипи проработе во вториот дел од средбата.
По една неискористена шанса на „црвено-црните“ на стартот на вториот дел, пристигна казната во 49. минута кога Тиквеш погоди за предност од 1-0 преку Окере.
Вардар не чекаше долго пред да ја анулира негативата во 57. минута по една акција од десната страна на теренот откако во листата на стрелци се запиша Николов.
Сепак, Тиквеш погоди уште два пати во продолжението преку Сила и Лавал и славеше со убедливи 3-1.
Скопскиот гигант во продолжение се обидуваше да ја врати неизвесноста на натпреварот, меѓутоа не успеа да ја пробие одбраната на кавадарчани.
Останати резултати:
Струга – Беласица 2-0
Работнички – Каменица Саса 3-2
Македонија ЃП - Брегалница 2-2 (5-4 на пенали)
Башкими - Шкендија Арачиново 0-2
Скопје - Новаци 1-0



