Нови проблем за Компани: При падот на тренинг се здобил со повреда!
Компани колабираше минатата недела додека го следеше тренингот на вториот тим на Баерн, по што веднаш беше пренесен во болница во Минхен. Иако докторите продолжуваат со испитувањата, засега не е утврдена точната причина за драмата низ која мораше да помине.
Белгискиот стратег во следниот период ќе биде надвор од фудбалските терени, а се очекува Баерн да го води неговиот помошник-тренер.
Фото: Facebook/FC Bayern München