Скандал во Барса: Таткото на Јамал плукнал келнерка и нападнал човек со – столица!

Мунир Насрауи, таткото на младата фудбалска ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно се најде во центарот на медиумското внимание, откако учествуваше во насилен инцидент на аеродромот во Барселона, непосредно пред неговото заминување за Лондон на свечената церемонија за доделување на „Златната топка“.

Поради нарушување на јавниот ред и мир, на местото на настанот морала да интервенира и полицијата за да ја смири ситуацијата и да ги раздвои учесниците во физичкиот судир. Според информациите кои ги пренесе шпанскиот портал „Ел Еспањол“, скандалот започнал во локално кафуле поради јакна која Насрауи ја оставил на место каде што тоа не било предвидено. Откако вработената љубезно го предупредила да ја тргне, избила вербална расправија која многу брзо ескалирала.

Според сведоштвата на присутните, Насрауи ја плукнал жената директно во лицето, по што еден од случајните минувачи реагирал со цел да ја заштити келнерката. Таткото на славниот фудбалер тогаш физички го нападнал мажот кој интервенирал, а во еден момент дури и зграпчил стол со намера да го фрли кон него, што резултирало со брзо пристигнување на полициските службеници.

Засега нема официјални информации дали против Насрауи се поднесени кривични или прекршочни пријави, ниту пак сите околности околу овој настан се целосно разјаснети. Шпанските медиуми напоменуваат дека наводите за неговото недолично однесување треба да се земат со доза на резерва, иако потсетуваат дека ова не е првпат таткото на Јамал да се доведува во врска со слични инциденти и јавни скандали.