Тага во Португалија: Почина фудбалерот кој една година беше во кома

Младиот португалски фудбалер Даниел Гонсалвеш почина по една година помината во кома, соопшти неговиот клуб, полската Полонија.

Гонсалвеш имаше само 25 години. Во септември 2025 година доживеа срцев удар по тренинг, по што итно бeше пренесен во болница и сместен на одделението за интензивна нега.

Во еден момент, неговата состојба била подобрена до степен да може да дише без помош на апарати, но во меѓувреме не дошло до позначително подобрување.

Станува збор за фудбалер кој во текот на кариерата настапуваше и во младинските категории на Бенфика. По ангажманот во норвешкиот Лилехамер, тој се преселил во Полонија, клуб кој се натпреварува во четвртиот ранг на полскиот фудбал.

По неговата смрт, семејството започнало кампања за собирање финансиски средства со цел неговото тело да биде пренесено од Полска во родната Португалија.