Ѓорческа стави крај на низата порази - триумф со пресврт на челинџерот во Истанбул!
Таа со ова стави крај на низата од четири порази по ред и конечно дојде до триумф по пауза од повеќе од еден ипол месец. Ова е значајна победа за Македонката против подобро рангирана противничка (244-370) до која дојде по двочасовна борба и голем пресврт. Ченгиз го доби првиот сет и имаше брејк предност во вториот (4-3), но нашата Лина заигра многу подобро и го доби сетот во тај-брејк. И во решавачкиот сет Турчинката почна подобро, имаше 3-1, но Ѓорческа не се предаде и со серија 5-1 дојде до посакуваниот триумф.
За пласман во четврт-финалето таа во следната рунда ќе ги одмери силите со Ралука Сербан од Кипар, која е полошо пласирана на ВТА листата (401).