Чудо во НБА: Канаѓанец постигна кош кој им пркоси на законите на физиката (ВИДЕО)
Бизарниот момент се случи во текот на последната четвртина при голема борба за скок под обрачите. Брукс успеа да дојде до топката и во мешаницата силно ја турна кон паркетот, по што таа наместо да се одбие настрана, доби неверојатна траекторија и помина низ мрежичката. Наместо класичен шут каков што играчите вежбаат илјадници пати на тренинзите, поенот беше постигнат исклучиво преку одбивање на топката од подлогата.
Триесетгодишниот канадски интернационалец настапува за екипата на Феникс Санс од лани, а неговата НБА авантура започна во 2017 година кога беше избран како 45-ти пик на драфтот по настапите за Универзитетот Орегон. Пред преселбата во Аризона ги бранеше боите на Мемфис Гризлис и Хјустон Рокетс.