Ван Гал удри по УЕФА: Ги интересираат само парите, ова е корумпиран свет!
Ван Гал ја обвини УЕФА дека приоритет ѝ се парите, наместо квалитетот на натпреварувањето. Тој смета дека проширувањето на ЛШ и промените во системот ја нарушуваат идејата во елитното натпреварување да настапуваат само најдобрите екипи.
„Смешна е промената која ја направи УЕФА. Сега секој може да учествува. УЕФА мисли само на пари. Ова е корумпиран свет. Натпреварувањето се вика Лига на шампиони, зарем не? Најдобрите тимови треба да играат во него“, кажа Ван Гал.