Баерн без многу мака го реши Фрајбург за нови три бода (ВИДЕО)
Баварците уште од самиот почеток заиграа офанзивно и конкретно, а таквата игра им донесе предност во 16. минута. Дефанзивецот Дејот Упамекано се најде во необична улога, истрча контра и ја заврши акцијата со погодок за водство на гостите.
Баерн продолжи да ја контролира играта, а во 42. минута стигна и до втор гол. Натаниел Браун одлично го проигра Серж Гнабри, кој со голема брзина влезе во казнениот простор и рутински ја смести топката во мрежата за 0-2.
Изгледаше дека баварскиот гигант сигурно ќе го приведе натпреварот кон крајот, но Фрајбург успеа да внесе неизвесност во завршницата. Во 82. минута, по центаршут од левата страна, Бишоф несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа и ја намали предноста на Баерн на 1-2.
Сепак, во судиското продолжение Мајкл Олисе ја искористи грешката на голманот Бахус, му ја одзеде топката и лесно ја смести во мрежата за конечни 1-3 и потврда на победата на гостите.
Во натпреварот кој се играше претходно денеска Хофенхајм со 3-0 беше подобар од Леверкузен.