Дебакл на Манчестер јунајтед: Борнмут ги замолкна навивачите на „Олд Трафорд“
„Ѓаволите“ делуваа лошо на теренот во првото полувреме, а тоа знаеше како да го искористи Борнмут кој погоди преку Рајан и Таверние (2-0).
Избраниците на Мајкл Керик заиграа поактивно во нападот во вториот дел, но не ги реализираа своите шанси, па Борнмут постигна и трет погодок преку Еванилсон.
Ливерпул славеше на „Енфилд“ против Брајтон со 2-0, со автоголот на Грос и погодокот на Исак.
На останатите натпревари, Кристал Палас загуби од Њукасл со 0-2, додека Хал и Брентфорд ремизираа (1-1).