Убиен познат бугарски спортист во Софија

Поранешниот бугарски спортист и бизнисмен, Славчо Бинев е убиен во Софија. Медиумите од регионот пишуваат дека тој бил застрелан во неговиот дом во населбата Павлово.

Полицијата почнала истрага за да ги утврди околностите за убиството, а веќе се приведени три лица кои се осомничени за убиството.

Бугарските медиуми пишуваат дека финансиски несогласувања се причина за злосторството, иако официјалниот мотив за убиството засега не е утврден од полицијата.

Бинев беше добро познато име во бугарскиот спорт. Во 1992 година ја освои европската титула во таеквондо, а подоцна ја извршуваше функцијата претседател на Бугарската федерација за таеквондо.