Лоши вести за Арсенал: Сака ќе пропушти најмалку девет натпревари!

Англискиот шампион Арсенал се соочува со голем проблем, затоа што се потврди информацијата за повредата на Букајо Сака кој ќе паузира најмалку шест недели.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, англискиот репрезентативец нема да биде на располагање најмалку до декември.

Според првичните процени на медицинскиот тим, Сака би можел да ги пропушти натпреварите против Евертон, Флитвуд Таун, Ливерпул, Славија Прага, Хал Сити, Њукасл, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и Брентфорд.

Неизвесен е и неговиот настап против Тотнем и Реал Мадрид, а тоа дефинитивно ќе биде лоша вест за тренерот Микел Артета.

Фото: Facebook/Arsenal