Стигна потврда: Познато е датумот за дебито на Роналдињо во Равена
Клубот потврди дека првите минути на Роналдињо во дресот на Равена ќе бидат на 15 ноември, кога тимот ќе се соочи со Форли во дербито од третата италијанска лига. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Бруно Бенели“, со почеток во 17:30 часот.
Роналдињо и Равена уште во август постигнаа договор бразилската ѕвезда да настапи на најмалку еден официјален натпревар. Сега е потврден и датумот за враќањето на фудбалскиот велемајстор, кој зад себе има блескава кариера во дресовите на Пари Сен Жермен и Барселона.
Од Равена не го кријат воодушевувањето поради најавениот настап на еден од најомилените фудбалери во поновата историја.
„Долгоочекуваниот датум конечно е потврден. Во недела, на 15 ноември, точно во 17:30 часот, бразилската легенда ќе го облече дресот на Равена во дербито против Форли. Овој натпревар ќе го насочи вниманието на целиот свет кон стадионот ‘Бруно Бенели’“, објави клубот.