Фенербахче го нокаутира Олимпијакос, Жалгирис подобар од Асвел
Фенербахче постигна само осум поени во првата четвртина (8-20), а не ја поправи играта ни во наредните 10 минути, па на паузата имаше негатива од 10 поени (24-34).
Турскиот гигант, сепак, почна да се буди во вториот дел и успеа во завршницата да го урне Олимпијакос со 64-61.
Најефикасен во победничкиот тим беше Шилдс со 17 поени, седум скокови и една асистенција, додека Везенков запиша 17 поени, 10 скокови и две асистенции.
На останатите дуели, Жалгирис го надигра Асвел со 105-85, додека Валенсија славеше со 104-93 против Париз.
Фото: Facebook/Fenerbahçe Beko