ПСЖ за замената на Кварацхелија ќе потроши 100 милиони евра

Квича Кварацхелија доживеа тешка повреда на коленото и поради тоа ја заврши сезоната, а францускиот гигант ПСЖ веднаш тргна во потрага по негова замена.

Француските медиуми пишуваат дека парижаните веќе ја избрале замената за Кварацхелија, а станува збор за Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, чиј трансфер ќе изнесува дури 100 милиони евра.

Вилијамс има договор со Атлетик Билбао до 2035 година, па поради тоа шпанскиот тим бара голема сума за отштета.

Шпанскиот репрезентативец оваа сезона настапи на седум меча во Ла Лига, а притоа постигна еден гол.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain