Реал го прекина бојкотот: Доаѓа ли Мбапе во Лондон поради „Златната топка“?

Реал Мадрид одлучил да го прекина бојкотот на доделувањето на „Златната топка“ и фудбалерите на Кралскиот клуб ќе се појават на церемонијата во понеделник во Лондон, пишува францускиот „Л'Eкип“.

Според информациит, Мбапе во понеделник навечер ќе присуствува на церемонијата во Лондон, откако Реал му дал зелено светло за патување.

„Бојкотот е завршен и сите играчи на Реал добија дозвола да тргнат на пат“, се наведува во информацијата што ја пренесе Фабрицио Романо. Тој ја сподели веста на социјалните мрежи, повикувајќи се на францускиот весник, а во објавата го постави и прашањето дали Мбапе ќе ја освои наградата на церемонијата.

Романо не го постави ова прашање без причина, со оглед на тоа што Реал Мадрид во изминатите две години ја бојкотираше церемонијата за доделување на „Златната топка“.

Да потсетиме, во 2024 година Винисиус сметаше дека заслужил да ја освои наградата, но кога дозна дека „Златната топка“ ќе заврши во рацете на Родри, одлучи да не присуствува. Реал тогаш прогласи бојкот на церемонијата, по што на фудбалерите на мадридскиот клуб им беше забрането да присуствуваат и на минатогодишното доделување на наградата, која му припадна на Усман Дембеле.

Ненадејниот прекин на бојкотот би можел да значи дека во Реал добиле информација дека наградата ќе му припадне на Мбапе, или, едноставно, во Мадрид сфатиле дека нивното однесување во изминатите две години, во суштина, било неспортско.