Конте е подготвен за Манчестер јунајтед, но има неверојатен услов!

Манчестер јунајтед се соочува со голема криза на стартот на новата сезона и поради тоа се „тресе“ тренерското столче на Мајкл Керик, а веќе се шпекулира и кој би можел да стане нов стратег на премиерлигашот.

„Црвените ѓаволи“ веќе почнаа преговори со Јулијан Нагелсман, но англиските медиуми пишуваат дека тие тешко ќе го добијат неговиот потпис, па во игра за кормилото се споменува и Антонио Конте.

Конте наводно е меѓу сериозните кандидати за нов тренер на премиерлигашот, меѓутоа Италијанецот има услов кој мора да му го исполнат сопствениците.

Италијанскиот тренер наводно сака да има слобода да потроши колку што сака пари на засилувања во преодниот рок, но засега не е познато дали газдите на „ѓаволите“ се подготвени да му го исполнат барањето.

Фото: Facebook/SSC Napoli