Трето полувреме од спектаклот во Париз: Барселона го пријавила ПСЖ (ВИДЕО)
Барселона го пријави францускиот клуб пред дисциплинските органи на УЕФА поради провокативната кореографија што најжестоките навивачи на Парижаните ја прикажаа за време на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите.
На огромен транспарент беше прикажан маскиран лик, налик на Џејсон од познатиот хорор-серијал „Петок 13-ти“, кој со моторна пила го уништува грбот на Барселона, придружено со сцени на крв. Сето тоа беше проследено со пораката „Масакр на париски начин“, додека пиротехничките ефекти симулираа искри што излетуваат од моторната пила. Но, тоа не беше сè.
BARÇA TO FILE A COMPLAINT AGAINST PSG OVER THIS TIFO! 🚨🚨 Barcelona will reportedly take legal action with UEFA over a tifo displayed by PSG ultras that read “Parisian Massacre” and featured Michael Myers destroying the Barça crest! ❌⚠️ #FCBarcelona #PSG #ChampionsLeague https://t.co/ypoYGqAuEy
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) October 20, 2026
На трибините се појавија и помали транспаренти со вулгарни навреди на сметка на Барселона („Puta Barça“), чие отстранување каталонскиот клуб веднаш го побара. Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона бара и објаснување како таквите транспаренти воопшто биле внесени на стадионот, и покрај строгите безбедносни контроли.
Сега потег е на УЕФА, која ќе ја разгледа пријавата на каталонскиот клуб. ПСЖ би можел да се соочи со дисциплинска постапка и парична казна поради спорните пораки и однесувањето на своите навивачи.
Следниот домашен натпревар во Лигата на шампионите ПСЖ ќе го одигра на 25 ноември, кога за противник ќе ја има Рома.