НБА променила едно од основните кошаркарски правила без никому да каже (ВИДЕО)
Најновиот скандалозен пример кој ја разбуди јавноста се случи за време на натпреварот меѓу Оклахома и Сан Антонио (116-104), а во центарот на вниманието се најде ѕвездата на домашниот тим, Шеј Гилџес-Александер. Инцидентот доби на тежина откако НБА на официјалната страница на Инстаграм ја објави неговата соло-акција како позитивен истакнат момент од вечерта. На видеоснимката јасно се забележува како Гилџес-Александер ја повлекува ногата со која пивотира, ја крева од паркетот и прави свртување во место за да го измами дефанзивецот пред да поентира.
Иако потегот изгледа атрактивно, станува збор за очигледно кршење на правилата по кое кошот требаше да биде поништен, а топката веднаш да му биде доделена на противникот. Објавата експресно собра повеќе од 1000 коментари, при што речиси сите следбеници укажуваат на грубиот судиски превид.
Оваа ситуација не е изолиран случај, бидејќи во последните пет години се забележани над 100 слични ситуации во кои не е досудено очигледно чекорење. Ова отвора сериозна дебата во кошаркарските кругови дали во најсилното натпреварување на светот се воспоставени нови премолчени правила, при што арбитрите свесно избегнуваат да поништуваат визуелно атрактивни поени за да не го нарушат ритамот на играта, дури и кога тоа оди на директна штета на основните кошаркарски правила.