Голем кикс на Јамал, Дуе го искористи подарокот - ПСЖ води (ВИДЕО)

Ламин Јамал направи неверојатна грешка во 38. минута која скапо ја чинеше Барселона, откако со премногу лежерен потег му ја подари топката на противничкиот тим.

Домаќините веднаш ја искористија подарената можност, Дуе ја презеде топката, имаше доволно време да се намести и прецизно да ја испрати во мрежата на Гарсија.

Водството на парискиот тим е апсолутно заслужено бидејќи имаше повеќе изгледни шанси за гол иако и Барса се закани во неколку наврати.