Работнички ја доби драмата во Битола и остана максимален

Работнички остана максимален и по дербито во Битола против Пелистер славејќи победа од 91-87.

Натпреварот донесе голема драма и пресврт на гостите од Скопје кои го одлучија натпреварот во второто полувреме.

Битолскиот состав одигра подобро во првото полувреме и на паузата водеше со 41-33, сепак веќе во третата четврина Работнички заигра далеку подобро и ја доби со 26-18. Последниот период по подолго време донесе промена на водството и скопскиот тим поведе на осум минути пред крајот со 70-40, сепак ниту Пелистер не се откажуваше.

Стигна скопскиот тим и до двоцифрена предност, но потоа Пелистер на помалку од минута до крајот го израмни резултатот на 83-83.

Во последните моменти Работнички не дозволи битолчани да го вратат водството. Најефикасен во победничкиот состав беше Виктор Ефремовски со 22 поени, додека на спротивната страна Никола Кочовиќ уфрли осум.

На преостанатите два натпревари кои се играа денеска Скопје славеше убедлива победа над Струмица со 83-68, а неизвесно беше и во Кавадарци каде што Куманово дојде до триумф од 76-75.