Петкратен германски шампион по шест кола е без бодови во Бундеслигата!

Одамна еден тим немал толку лош старт на сезоната во Бундеслигата како што е случај со екипата на Борусија Менхенгладбах која е и петкратен шампион на Германија.

По шест одиграни кола Борусија сè уште нема освоено ниту еден бод, а последниот пораз го претрпеа од Хофенхам со 1-2 на домашен терен. 

Гостите поведоа преку Конте во 11. минута, но надежта на домаќините дека конечно ќе освојат бодови ја врати Мохија во 49. минута.

Сепак, само пет минути подоцна, играчот од средниот ред на Хофенхајм, Александер Прас, погоди за продолжување на агонијата на петкратниот шампион на Германија.