Mилан ѝ даде три гола на Аталанта, па стравуваше за трите бода (ВИДЕО)

Во интересен натпревар со два пенали и еден поништен гол, Милан ја победи Аталанта со 3-2 во седмото коло од Серија А.

Мрежата на гостите се тресеше по само 13 минути кога Пулишиќ стрелаше, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Сепак, девет минути подоцна Милан дојде до предност откако од белата точка погоди Гонзало Рамош.

Пред крајот на полувремето Рабио се запиша во листата на стрелци и се погрижи за 2-0. Гонзало Рамош имаше голема прилика и за втор гол, меѓутоа не го реализираше втор пенал 57-та минута. Само минута подоцна Милан постигна трет гол и тоа по еден изведен корнер на Рабио кога Жила во шеснаесетникот беше највисок.

Тогаш изгледаше дека „росонерите“ сигурно ќе ги освојат бодовите, но Аталанта како тогаш да се разбуди и почна да игра. Прво Гаетано во 66-та минута намали на 3-1, а Крстовиќ на десет минути пред крајот постигна и втор гол.

Аталанта до крајот имаше и уште две добри прилики да го израмни резултатот, но Милан сепак на крајот ги освои бодовите.

Елиф Елмас кај Аталанта ќе потсетиме, не беше во комбинација за овој натпревар поради црвениот картон добиен во минатото коло. Милан сега е четврти со 155 бода, додека Аталанта останува на десетата позиција со девет.