„Петарда“ на Брајтон против Кристал Палас, Манчестер јунајтед повторно разочара! (ВИДЕО)
Брајтон тргна жестоко во натпреварот и постигна три голови во првите 10 минути, а посебно импресивен беше „проектилот“ од половина терен на Диего Гомез.
„Галебите“ постигнаа уште два гола во второто полувреме, а стрелци беа Костулас и Хиншелвуд за конечни 5-0.
Манчестер јунајтед мораше да се задоволи со бод на гостувањето кај Лидс, иако прв постигна гол во средбата преку Мбеумо во 35. минута.
Лидс го возврати ударот во второто полувреме, односно 51. минута кога Калверт-Луин ја затресе мрежата на гостите за 1-1.
На последниот меч кој се играше во истиот термин, Борнмут славеше со 2-0 против Сандерленд.
Фото: Facebook/Brighton & Hove Albion FC