Барселона брка рекорд стар 57 години, само Реал може да ѝ ги расипе плановите!
Каталонците го достигнаа учинокот на својот најголем ривал од сезоната 1968/69, кога Реал Мадрид, предводен од тренерот Мигел Муњоз, запиша девет победи по ред во првенството.
По триумфот од 5-2 над Бетис во Севиља, Барселона остана со максимален ефект и се наоѓа во одлична позиција пред продолжението на сезоната. Следниот голем предизвик би можел да биде историски, бидејќи токму против Реал Мадрид ќе има можност да ја запише 10. последователна победа и да запише нов рекорд.
„Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра на 25 октомври од 21 часот.
Фото: Facebook/FC Barcelona