Марсеј го уништи Анже и се израдува на нови три бодови во Лига 1 (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј ја запиша втората победа по ред во Лига 1, откако денеска славеше со 5-2 во седмото коло од францускиот шампионат.

Марсеј немаше добар старт на гостувањето бидејќи прими гол по само 14 минути од Раолисоа, но потоа Абдели и Камисоко стрелаа за целосен пресврт.

Амин Гуири во вториот дел промаши пенал, но потоа погоди за 3-1. Сепак, Анже не се предаваше и набрзо преку Ел Уазани од белата точка намали на 2-3.

Марсеј, сепак, не потпадна под притисокот на домаќинот и со два брзи гола во финишот стигна до победата од 5-2.

Фото: Facebook/Olympique de Marseille