Нови три бодови за тетовци: Шкендија со три гола го освои Скопје (ФОТО)

Поранешниот македонски шампион Шкендија славеше на гостувањето кај Скопје во Автокоманда со 3-1 во 10. коло од Првата лига.

Шкендија тргна фуриозно во натпреварот, па најпрво Красниќи стрелаше во втората минута, а подоцна во листата на стрелци се запиша и Димоски за предност од 2-0.

Скопје почна да се буди по двата примени голови до 10. минута, па преку Ангелов успеа да намали на 1-2 пред крајот на полувремето.

Тетовци во вториот дел постигнаа и трет гол преку Тамба, а имаа шанса и за четврти погодок, но Ибраими не реализира пенал.