Хорор на стадион во САД: Војник падна од кров пред полни трибини! (ВИДЕО)

Припадник на американската војска е тешко повреден, откако во саботата падна од кров на стадион во Сан Антонио. Несреќата се случи за време на церемонијата пред натпревар од американскиот фудбал, а лицето веднаш е пренесено во болница.

Според американските медиуми, четири војници требало да се спуштат од кровот на теренот, но еден од нив ја загубил контролата и со голема брзина паднал на тревникот.

Инцидентот се случи пред полни трибини на стадионот, а медицински тим долго време му укажуваше помош пред да го изнесе на носилки.