Голчиште во Брајтон: Гомез ја погоди противничката мрежа од пола терен! (ВИДЕО)

Брајтон има неверојатен почеток на мечот против Кристал Палас и по 10 минути веќе стигна до водство од 3-0, но вториот гол беше навистина неверојатен.

Диего Гомез доби топка на средината на теренот, по што не размислуваше премногу пред да упати удар и да ја затресе противничката мрежа.