Џенова падна во Рим: Рома освои нови три бодови во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома триумфираа на домашен терен против Џенова со 2-0 во седмото коло од италијанската Серија А.

По првото полувреме без погодоци, Рома конечно го постигна првиот гол против Џенова, и тоа преку Сантијаго Кастро во 50. минута.

Победата ја обезеди младиот и талентиран Еминуеле Лули, кој во 68. минута ја затресе мрежата на гостите за конечни 2-0.

Рома по седум одиграни меча е на втората позиција во Серија А со 17 бодови, односно два поени помалку од лидерот Интер.

Фото: X/AS Roma