Нова катастрофа на Њукасл: Астон Вила го замолкна „Сент Џејмс парк“ (ВИДЕО)

Астон вила славеше со 1-0 на гостувањето кај Њукасл во седмото коло од Премиер лигата, а голот за победа го постигна Манзамби.

Њукасл имаше големи проблеми на теренот, а тоа знаеше да го казни гостинскиот тим од Бирмингем во првото полувреме, кога Жоао Гомеш испрати центар-шут во казнениот простор на домаќинот, а потоа Манзамби со глава ја затресе мрежата.

По седум одиграни кола, Њукасл и Астон вила се на делба на 11. позиција во лигата со по осум бодови.

Фото: Facebook/Aston Villa FC