Баерн Минхен го демолира Лајпциг, Дијаз постигна хет-трик! (ВИДЕО)
Баерн постигна по три погодоци во двете полувремиња. Најпрво во првите 45 минути стрелаа Дијаз, Павловиќ и Олисе со што гигантот стигна до предност од 3-0.
Во вториот дел продолжи голеадата, а Дијаз стигна до хет-трик, додека еден од погодоците беше дело на Кејн.
Во самата завршница Лајпциг постигна почесен погодок против Баерн преку Максимовиќ.